РОБЕРТ ДЕ НИРО СЕ РАЗВЕДУВА: Поранешната стјуардеса решила да му го загорчи животот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова можело да се реши и приватен начин зад затворени врати, но Грејс сакала да го развлекува случајот по медиумите

Роберт де Ниро моментално поминува низ макотрпен процес на развод кој можел да помине мирно, но неговата долгогодишна сопруга одлучила да го направи разводот јавен и да му ја отежни целата ситуација.

Актерската легенда Роберт де Ниро во 1997 година се оженил со својата втора сопруга, поранешната стјуардеса Грејс Хајтауер. Неговиот син Елиот бил роден во 1998 година, а парот брзо по неговото раѓање побарал развод, иако тој никогаш не се случил, па во 2004 година повторно се смириле.

Сè уште законската сопруга на Роберт де Ниро наводно не престанува да му врши притисок на славниот актер да ги предаде документите за нивниот развод на судот и притоа да ги извести медиумите и фотографите.

Природно затворениот де Ниро во декември поднел барање со молба целиот процес да се држи подалеку од очите на јавност.
„Ова можеше да се реши приватно зад затворени врати, но Грејс сака да го развлекува случајот по медиумите“, открил извор близок на холивудскиот актер.

Од друга страна, адвокатот на поранешната стјуардеса, Алан Мантел, тврдел дека де Ниро е тој кој ја покренал судската постапка.
Ѕвездата од филмовите „Таксист“ и „Кум“ минатата недела бил прилично нерасположен на сослушувањето во судницата. Додека пристигнувал во судот, актерот цело време настојувал да го скрие лицето од камери, а на еден од репортерите му дофрлил: „Не си бистар, штом работиш вака како што работиш“.

Холивудскиот пар има потпишано предбрачен договор, но адвокатот на Хајтауер не сакал да зборува за деталите. Освен за поделбата на имотот, парот ќе се расправа на суд и за старателството на нивните две деца, седумгодишната ќерка и 20-годишниот син кој боледува од аутизам.

„Тој само сака да ги гледа своите деца, но таа е тешка по тоа прашање. Тој има 75 години и навистина не му е гајле за парите“, открил долгогодишниот соработник на де Ниров.

Соработникот на де Ниро тврди и дека тврдоглавоста на Грејс ќе ѝ се одбие од глава.

„Боб не сакаше да одат на суд и тоа ќе беше подобро за него, но таа со ова го принудува да ѝ даде помалку пари“, заклучил извор близок на актерот.

Следното рочиште е закажано за четврток кога ќе бидат познати повеќе детали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This