РОБЕРТ ПОПОВСКИ ПОД МЕТЛАТА НА ЗАЕВ: Поради гафот со Трамп и сликањето со Игор Спасов, министерот за пропаганда жртва на чистката на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев вчера вечер на состанокот на Централниот одбор на партијата ја потврди реконтрукцијата на Владата, но пред членовите на највисокиот партиски орган не ги прецизирал министерствата што ќе бидат зафатени од неа.

Но партиски извори и извори од Владата откриваат кој ќе змине од владиниот кабинет. Чистката на Заев пред најавената реконструкција ќе зафати неколку министри и директори на значајни позиции кои не покажале добри резултати во изминатиов период, објавува А1 он, повикувајќи се на свои извори во Владата и партијата.

Меѓу кандидатити на листата за заминување се Роберт Попвски министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност. Гафот кога премиерот Заев се поздрави со Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски и фотографиите кои излегоа во јавноста му се ставаат на товар на поповски, пишува порталот.

Исто така за пропуст на Поповски се смета и позравувањето на премиерот со Трамп.

И министерот за култура Роберт Алаѓозовски според пишувањата е на листата за заминување, бидејќи доаѓа од невладин сектор и од него се очекувало многу повеќе. Партиските извори за порталот откриват дека се размислувало и за разместување на Мила Царовска.
Во однос на министерството за правда кое моментално е празно поради оставката на Саљији да го земе СДСМ, а на ДУИ да им го даде образование. Се размислувало и за смена на четворица директори на битни позиции именувани во август минатат година поради незадоволителни резултати. Се спонеуваат имињата на Драган Миновски- директор на АД Елем, Ѓоко Танаскоски директор на Царинска Управа, Зоран Китанов од ЈП „Државни патишта”, како и Зоран Ѓорѓиев од Македонски шуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This