РОБОВАЛИЕВ: БОГДАНОВИЌ ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА -ПРОДОЛЖУВА ДА ИЗДАВА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Oпштина Центар од јануари до август 2018-та според информациите кои излегоа во јавност за време на мораториум издава 76 одобренија за градба што е повеќе отколку за истиот период минатата година кога биле издадени 66 одобренија за градба.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста.

Наместо да се обидува да ги релативизира работите Богдановиќ да даде одговори како тоа општина Центар која со сигурност е единствена општина во европски но и во светски рамки што во сред мораториум има издадено дозволи за градење, или пак претходникот на Богдановиќ издал неконтролирано одобренија за градба.

Дополнително и пред донесувањето првата одлуката за мораториум на 27.12.2017 година во јавноста се појавија докази дека се издавани дозволи токму на денот кога е донесен мораториумот.

Па оттука се поставува лично прашање колку дозволи се дадени пред донесувањето на мораториумот.

Почитувани,

Сведоци сме дека се гради во Центар на секој чекор. Оправдувањата што ги дава Богдановиќ да не беа смешни ќе беа трагични. СДСМ ја има власта во општина Центар речиси 5 години. Маркетиншкиот трик наречен мораториум речиси и да е бескорисен ако граѓаните секојдневно се сведоци на изградба на згради на секој чекор.

Наместо Богдановиќ да се фали дека редовно дели плата, дека собирал ѓубре, поставувал заштитни столбчиња да се фати конечно за работа и да почне да ги исполнува ветувањата што им ги даде на жителите на Општина Центар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This