April 26, 2024, 11:30 pm

ПРОФЕСОРКАТА ЈАЧЕВА: Родена сум во Македонија, пишувам и зборувам на македонски и никој не смее да ми демантира ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Елка Јачева Улчар на својот Фејсбук профил објави статус во кој пишува дека за нејзиниот јазик, идентитет и име на држава одредиле нејзините предци и никој друг.

-Родена сум во Македонија.
Читам, пишувам и зборувам на македонски.

Татко ми е роден во Воденско, Егејска Македонија. И тој читаше и пишуваше на македонски, а пишуваше стихови и на воденскиот егејски говор. Исто македонски.

И дедо ми читаше и пишуваше на македонски.
Баба ми не читаше, не пишуваше, ама зборуваше на македонски.

И чичко ми и тетка ми од таткова страна – пишуваа, читаа и зборуваа македонски.
Сите заминаа на оној свет од Македонија. Достоинствено. Како што им прилега на сите Македонци.
И јас планирам така да заминам од Македонија. Како Македонка.

И нема да побарам дозвола за тоа ни од Ники, ни од Мики, ни од Зоки…
Не смеат тие да ми детерминираат ништо. Од причина што ниту ме створиле ниту ме родиле!

Одредиле, веќе, многу порано за мене – моите предци!
И НИКОЈ ДРУГ!!!, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.

Родена сум во Македонија.Читам, пишувам и зборувам на македонски. Татко ми е роден во Воденско, Егејска Македонија. И…

Posted by Elka Jaceva-Ulcar on Wednesday, March 13, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This