April 24, 2024, 12:46 am

РОДИТЕЛИТЕ ГHEBHИ: Ако Царовска ги среди градинките родителите ќе немаат главоболки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Појавата на морбили кај повеќе деца го отвори и прашањето за тоа каква е ситуацијата во градинките во државата. Имено се покажа дека родитетели се гнeвни на условите градинките, но и гнeвни се и од неиформирањето од страна на докторите.

За ваква ситуација кажува peвoлтoт на родителите што го кажуваат секојдневно, а истиот може да се види и на фејсбук профилите.

-Работете на информирањето и за недозадолжителни вакцини, како онаа за стрептокока или за рота вирус. Ниту еден лекар не ме информираше за постоењето на овие вакцини. Ниту пак ми даде некаков памфлет или брошура во којашто можев да се информирм. А таа за рота вирусот се дава до 6 месеци. Јас за вакцините дознав од пријателки, пишува мајка на својот фејсбук профил во кој во детали говори за состојбата, а и дава препораки.

Но, повеќе од очигледно е дека условите и немањето јасни насоки за работа во градинката е всушност најголемиот проблем на родителите. Поради тоа голем број на родителите јавно ги повикуваат министерот за здраство Филипче и министерката за труд и социјална политика Царовска да делуваат заедно.

Но, повеќе повикот се однесува до Царовска бидејќи градинките се под капа на министерството кое таа го раководи.

-Наместо ваквите пропаганди (казните и забраните секогаш повлекуваат негативна реакција кај луѓето, во смисла „никој нема да ме натера да направам нешто со сила“), заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, треба сериозно да се зафатите со работа во полето на градинките. Неопходно е да се намалат групите и да се зголеми бројот на негувателки. НЕОПХОДНО!- потенцира мајка во својот статус.

Таа додава дека нејзина внука посетувала градинка во Словенија и немала никаков проблем со бактерии и вируси и потенцира дека во Словенија групите во градинките бројат од 7 до 10 деца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This