Родителите на yбиeнитe деца кај Смилковско: Заев да дојде што поскоро во cyд, да не избeгa после 3 јануари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајцата судии кои го водат случајот Монструм, Огнен Ставрев и Осман Шабани конкурирале за судии во Апелацискиот суд, па родителите на убиените момчиња кај Смилковското езеро стравуваат дека судењето пак може да почне од почеток, доколку судиите бидат избрани во повисокиот суд.

Таткото на едно од убиените момчиња, Горан Наќевски пред почетокот на судењето му се обрати на судот и праша што ќе се случи со судењето ако судијата биде избран во Апелацискиот суд. Судијата Ставрев кој е претседател на судечкиот совет кажа дека и тој конкурирал и му порача на Наќевски “има и за тоа лек”.

Таткото на убиеното момче побара во судница да биде повикан да сведочи премиерот Зоран Заев што поскоро, со оглед на тоа дека му истекува мандатот во јануари.

-Судија да го повикате Заев да не избега и тој да се бања во некое џакузи како Груевски, рече Наќевски.

Судот ги уверуваше родителите дека Заев ќе биде повикан и ќе се обезбеди снимката од Собрание каде Заев зборува за овој случај дека има нови бомби.

На денешното рочиште се читаат нови СМС пораки во кои обвинетите зборуваат во шифри. Ф.Ф.С.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This