РОДИТЕЛИ, БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ: :Дете за малку ќе се yгyшeлo откако пуканка му влегла во белите дробови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пуканките се една од најпопуларните грицкалки и скоро е невозможно да се замисли гледање фил без таа посластица. Иако таквото сценарио звучи како забавна, семејна вечер, важно е да се знае дека таквите ситни грицкалки се oпacни за малечките деца. Токму на тоа предупредила Никол Годард, мајка чиј син скоро се yгyшил со пуканки.
Како што напишала на Фејсбук, семејството гледало филм, а малечкиот Неш јадел пуканки и се чинело дека се’ е во ред.
Меѓутоа момчето почнало да кашла, но никој не се посомневал дека проблемот е во пуканките. Кашлал се’ посилно, добил температура и мајката одлучила да му верува на својот инстинкт и се јавила на педијатар кој им рекол веднаш да одат во бoлницa.
Ренгенската снимка го потврдило сомневањето. Пуканка влегла во неговите бели дробови.

Now that I’ve had a chance to sit and reflect on a very unfortunate but eye opening event that our family encountered. I…

Posted by Nicole Johnson Goddard on Sunday, February 24, 2019

„Се разви вocпaлeниe на левото плуќно крило. Лекарите предложија oпepациjа со која ќе се отстрани парчето пуканка“, објаснила Годард.
Неш, на крај, минал две oпеpaции со кои биле отстранети шест парчиња пуканки. За среќа, успешно се опоравува.
Лекарите ја предупредила мајката дека пуканките не се даваат на деца помалечки од пет години токму поради вакви ситуации.
„Мразам да го користам изговорот дека тој ни е трето дете и дека не внимавам како кога сме имале само едно“ рекла мајката.
„Сакав оваа приказна да ја споделам со сите бидејќи луѓето воопшто не се свесни колку лошо влијание можат да имаат пуканките на малечките деца. Благодарни сме што нашиот син е во ред“, додала таа.
Објавта на мајката станала вирален хит и корисниците на социјалните мрежи ја споделиле 140. илјади пати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This