РОДНИНИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ И ПЦУЈАТ: Тетката на посебниот советник на Заев за животна средина со пцовки и закани кон неистомислениците.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Закани со пцовки, со вулгарно и недолично однесување од високи претставници на СДСМ, откри Роберт Милевски на неговиот Фејсбук профил. Од она што може да се забележи од статусот на Милевски погрдните заканите и заканите се од тетката на посебниот советник за животна средина и просторно планирање Драган Јованов, Софија Липа.     

Од она што е напишано се гледа дека на Липа не и пречи ваквото јавно пишување и закани со оглед дека нејзинот внук високо котира во кабинетот на Заев. Дали посебниот советник го одобрува ваквото однесување на неговата тетка тоа треба тој да си каже.

Доволно е да го отворите Фејсбук профилот на Софија Липа и нема да најдете некоја разлика дали се работи за партиски гласник на СДСМ или прифатен профил. Изобилуваат слики со Зоран Заев и од протести на таканаречената шарена револуција.

Инаку Липа во јавноста во 2016-та година година како што медиумите тогаш пренесоа дека е социјален случај и е избркана од работа од тогашниот министер Диме Спасов што беше секако далеку од вистината. Пак ќе се навратиме на Фејсбук профилот на Липа. Социјалниот случај Липа си има купено возило од марката Мерцедс. Дали и има помогнато нејзинот внук или сама го купила Мерцедесот или пак тоа се придобивки од позициите што ги има добието од партијата на власт се прашања кои треба таа да го одговори. Инаку од она што се знае Липа сега работи во градската администрација на Шилегов. Како ја има најдено работата таму и по кои критериуми се има вработено никој не знае, но е еден од уште многуте примери на непотизам и партиски вработувања во централната но и во локалната власт.

Ова е класичен случај како СДСМ па и нивните ниски ешалони ја практикуваат власта. Додека се во опозиција се борат за права, слобода на мислења, додека се на власт се служат со закани и со навредливи зборови против сите свои неистомисленици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This