Родeнденска зaбава која се претворила во хopoр: Ajкулa одвлeклa тинeјџер во мoрeто, изгyбил 70 oтстo кpв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

15-годишен тинејџер, кој бил на роденденско патување со своето семејство на Флорида Кис во САД, преживеал напад од ајкула поради кој изгубил 70 отсто од крвта во телото.

Лукас Криз на својот 15-ти роденден бил на брод со своето семејство, јужно од Флорида, кога ајкула го одвлекла во морето.

Тинејџерот го преживеал нападот и покрај тоа што изгубил 70 отсто од крвта, од повредата со која се здобил на ногата, пренесува „Мирор“.

Роденденскиот излет се претворил во хорор и борба за животот на Лукас, додека неговата мајка и дедо се обидувале да го повлечат назад во бродот, а ајкулата ги кинела неговите нозе со смртоносни загризи.

На крајот успеале да го ослободат, но повредите биле катастрофални. Експертите веруваат дека момчето го нападнала бик ајкула, која е долга околу три метри, бидејќи само таа можела да нанесе такви повреди.

Лукас вели дека е среќен што останал жив.

„Мислев дека тоа е брод, но кога погледнав подобро, видов дека нема брод близу мене“, рекол тинејџерот.

Кога успелае да го тргнат од ајкулата и да го повлечат назад во бродот, насекаде имало крв.

„Многу крварев на бродот. Мислев дека ќе ја изгубам ногата. За среќа, не се случи тоа“, рекол Лукас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This