March 28, 2024, 11:13 am

РОКОВИТЕ ПОЧНУВААТ ДА ТЕЧАТ: Собрание до Нова година, нова влада во февруари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако мандаторот ќе го предложи составот на новата влада и ќе покаже дека има мнозинство, на 16 февруари во Собранието треба да се гласа новата влада, за која треба да гласаат мнозинство од вкупниот број присутни пратеници.

sobranie-na-rm-640x360

Откако Државната изборна комисија ги објави првичните резултати од прегласувањето во Теарце, почнуваат да течат роковите за формирање на новото собрание и влада. ДИК 24 часа од завршувањето на повтореното гласање, односно вечерва до 19 часот, треба да излезе со официјалните резултати.

Се разбира дека партиите имаат право на приговори до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавувањето на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба и до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вчерашното гласање во избирачкото место во Теарце не донесе промена на бројот на мандати. Тој останува 51-49 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера СДСМ освои повеќе гласови, 245, наспроти 149 на ВМРО-ДПМНЕ. Недостижни останаа 304 гласа разлика колку што му требаше на СДСМ за да ѝ земе мандат на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта и опозицијата различно го толкуваат вчерашното прегласување. Од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека за нив изборите завршиле на 11 декември и дека се посветени на формирање на владата.

– И покрај сите напори, теарчани го спречија обидот за постизборен инженеринг. Им честитаме за тоа. Како победници на изборите остануваме посветени на идните чекори за формирање нова влада – велат од партијата.

Петре Шилегов, пак, не го призна поразот и најави дека СДСМ ќе ја формира владата.

– Со гордост можам да кажам дека граѓаните на Теарце гласаа за живот во Македонија, без оглед на притисоците на кои беа изложени. Кажаа дека е доста и дека бараат одговорна влада која ќе одговори на барањата на граѓаните. Во Македонија ќе има влада која ќе биде одговорна, ќе има ново владино мнозинство – рече Шилегов.

download

Според изборните рокови, најдоцна до 31 декември треба да се одржи конститутивната седница за избор на новиот состав на Собранието. Потоа, на 9 јануари, претседателот Иванов треба да му го даде мандатот за формирање влада на кандидатот на партијата која има мнозинство освоени гласови.

Откако мандаторот ќе го предложи составот на новата влада и ќе покаже дека има мнозинство, на 16 февруари во Собранието треба да се гласа новата влада, за која треба да гласаат мнозинство од вкупниот број присутни пратеници.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This