РОКОТ ЗА ПРИГОВОРИ ИСТЕКУВА ВО 19.00 ЧАСОТ: До полноќ треба да се официјализираат резултатите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека до вечерва на полноќ е рокот за поднесување приговори за постапката за сумирање на резултатите од неделните предвремени парламентарни избори. Конечните резултати од изборите треба да бидат соопштени најдоцна до 20 декември, откако ќе поминат роковите за приговори и одлучување по нив.

dik_portparol2

Љупка Гугучевска, советник во ДИК информира дека денеска во 19 часот истекува рокот за приговори за постапката на гласање, додека наместо во 3 часот по полноќ, како што претходно беше соопштено, рокот за поднесување приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува вечер на полноќ. ­ -ДИК токму сега ја донесе оваа одлука дека овој рок ќе биде до вечерва до 24 часот од причина што општинските комисии ги сумираат резултатите во рок од пет часа по завршувањето на гласањето, па доколку во 19 часот завршува гласањето до 24 треба да ги сумираат и од тој час почнуваме да ги сметаме роковите- рече Гугуческа.

До 17:30 часот партиите се уште немаа поднесено приговори до ДИК, иако во текот на денот беа најавени од некои од нив. Конечните резултати ДИК ги објавува откако ќе заврши целата постапка за приговори. ­ Откако ќе заврши одлучувањето по приговори овде во ДИК сите подносители на приговори имаат право да поднесат и тужба до Управниот суд. И за тоа имаат дополнителни 24 часа. Управниот суд има рок да одлучи во рок 48 часа. Тоа значи дека на 20 декември најдоцна, доколку сето ова се случува во меѓувреме, ДИК треба да ги објави конечните резултати, информира Гугучевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This