April 27, 2024, 12:52 am

РОКОТ ИСТЕКУВА В ПЕТОК: Се чекаат листите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголема врева се крена по објавувањето на кандидатските листи на СДСМ. На листите не се најдоа многумина што тоа го заслужуваат.

images

Партиите што не доставија кандидатски листи за изборите на 11 декември имаат уште два дена тоа да го сторат. Поголем дел од партиите тоа веќе го сторија, а се чека на владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги обелоденат кандидатите и носителите.

Иако сѐ уште не е потврдено, ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе оди со истите носители како за изборите кои требаше да се одржат на 5 јуни. Лидерот Никола Груевски стандардно ќе биде носител во првата изборна единица, во втората министерот за надворешни работи Никола Попоски, во „тројката“ Илија Димовски, во „четворката“ министерот за здравство Никола Тодоров, во „петката“ Антонио Милошоски и во шестата Влатко Ѓорчев.

Водечката партија кај Албанците ќе го чека последниот рок да ги обелодени кандидатските листи. И таму не се очекуваат големи изненадувања и партијата на Ахмети ќе излезе со првиот партиски ешалон.

Сепак, најголема врева се крена по објавувањето на кандидатските листи на СДСМ. На листите не се најдоа многумина што тоа го заслужуваат како Горан Сугарески, Софија Куновска, Стојко Пауновски, а нивните имиња ги заземаа анонимуси како и активисти од „Шарената револуција“.
Тоа предизвика големо незадоволство, оставки, како и коментари на социјалните мрежи дека лидерот Заев е помирен со поразот и дека сака да ги вдоми во Собранието кадрите што му се лојални и кои нема да бараат негова смена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This