РОМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОДБИ ДВА ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОСУМ МИНИСТРИ: Јоханис ги одби предлозите на премиерот и ги оквалификува како слаби решенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Романскиот претседател Клаус Јоханис одби да ја назначи Олгуца Василеску за министер за сообраќај и Илан Лауфер за министер за регионален развој.

На денешната прес-конференција Јоханис истакна дека на земјата и се неопходни министри кои добро ќе ја вршат својата работа и побара Владата да даде нови предлози за челни луѓе на тие две Министерства.

Раководството на владејачката Социјалдемократска партија вчера донесе одлука за смени во Кабинетот, согласно кои Василеску од министер за труд беше предложена за министер за сообраќај, а Лауфер требаше да ја преземе функцијата од Паул Станеску.

Романскиот претседател оцени дека владините предлози се слабо решение.

– И натаму сметам дека правилна одлука би било смена на Владата, која и создаде многу проблеми на Романија, оцени Јоханис.

Тој потсети дека Романија се наоѓа пред „еден тежок предизвик“, односно преземањето на ротациското претседателство на Советот на ЕУ од 1 јануари 2019 година.

Инаку, тој ги потпиша указите за назначување на Габриел Леш за министер за одбрана, Мариус Будај за министер за труд, Никулае Бидилиу за министер за економија, Даниел Брјаз за министер за култура, Александру Петреску за кимистер за комуникации и Богдан Матеј за министер за млади и спорт.

Новите министри попладне ќе положат свечена заклетва.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This