Ромео беше и остана мојот најмил: Калиопи искрена пред концертот во Белград

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Калиопи е актуелна во српските медиуми пред вечерашниот концерт кој ќе се одржи во Белград, во Сава центарот. Во интервјуто за српскиот весник и портал „Новости“ таа открива интересни информации.

На прашањето, кој беше и сѐ уште е вашиот најмил, таа одговори: „Ромео. Сигурно. Беше и остана мојот најмил“, одговори Калииопи за нејзиниот “Rođeni”, оригиналното име на евергринот „Бато“, чиј автор е поранешниот сопруг и нејзин продуцент, Ромео Грил. За приказната во песната „Црно и бело“, Калиопи вели дека од секогаш ѝ биле важни човечките животи и судбини. „Го сакам црно-белиот свет, затоа што животот сам по себе е полн со мистика“, додава поп-ѕвездата.

„Некои намерно ми ги кршеа крилјата, некои несакајќи. Но, како феникс, секогаш се подигав од пепелта“, се дел од нејзините одговори. Во интервјуто, таа зборува и за синот Пако кој живее во Швајцарија, велејќи дека ѝ е најважен во животот.

Калиопи раскажува дека Ромео најдобро ја опишал во песната „Вучица“. „Залудно го бараш моето второ јас, јас сѐ уште самата себе си не сум се издала. Еднаш волчица- засекогаш волчица“, изјави Калиопи. За новата песна, „Пресуда“, таа вели дека е нејзиниот најголем мир и немир и сосема ѝ верува, во секој стих.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This