РОНАЛДО ОПТИМИСТ: Очекува утре да го eлиминиpaaт Атлетико Мадрид!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо верува дека неговиот тим ќе може да го eлиминиpa Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите, независно од негативата по првата средба од осминафиналето.

Утре, 12 март, „Старата Дама“ ги пречекува „јорганџиите“ од 21:00 часот, откако во Мадрид тимот загуби со 0:2.

„Атлетико има силен тим, сите знаат дека тие се бранат многу добро, не ризикуваат и играат на кoнтpaнaпaди, но ние сме подготвени за тоа. Сакаме да направиме се за да победиме и да се пласираме во следната рунда. Никој не очекуваше дека ќе загубиме во првиот натпревар, но сè може да се случи во вториот“, изјави Португалецот.

Тој додаде дека Јувентус имаат одлична сезона и дека ужива да игра во Калчото и им порача на фановите да бидат позитивни и да веруваат дека се е можно.

„Имаме одлична сезона. Засега пред нас има два турнири – Серија „А“ и Лигата на Шампионите. Сакам да играм во Италија. Тука, како во Шпанија и Англија, уживам да постигнувам голови и да победувам. Среќен сум. На навивачите сакам да им порачам да размислуваат позитивно, да веруваат дека е можно да победат, затоа што ни треба нивната помош. Стадионот нека биде неверојатен и ние ќе се обидеме да сториме сé што можеме“, заклучи ѕвездата на „Старата дама“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This