РОНАЛДО ЌЕ КУПУВА УШТЕ ЕДЕН КЛУБ: Славниот бразиски фудбалер најави купување на португалски фудбалски клуб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Славниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо одлучи да си купи уште еден клуб. Поранешниот најдобар светски фудбалер во своја сопственост има 51% од шпанскиот Ваљадолид, но веќе најавува купување на уште еден клуб, и тоа во Португалија.

Во моментов водам разговори за купување клуб во Португалија. Во фокусот прво ми беше Чемпионшип во Англија, но за таму треба многу пари. Па се насочив кон Португалија и веќе барам клуб во кој ќе вложам, вели Роналдо, објаснувајќи зошто искеширал 30 милиони евра за Реал Ваљадолид.

Барав тим со одлична историја, а Ваљадолид во 90 години постоење долго игра во елитата. Сето тоа, дополнето и со фактот дека е единствен клуб во градот со 300.000 жители, кој се наоѓа на час и половина возење од Мадрид. Беше тоа одлична можност и не погpeшив“ – вели поранешниот фудбалер на ПСВ, Барселона, Интер, Милан, Реал…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This