April 19, 2024, 12:29 pm

РОСОКЛИЈА: Излегување на референдумот е национално предавство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За професорот на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колубија, во Њујорк, излегување на референдумот не е разлика во мислење туку е национално предавство, а нацијата е македонската.

„Што имам да се гледам и слушам со нив!

Излегување на референдумот не е разлика во мислење туку е национално предавство, а нацијата е македонската

Професорите со кои деновие бев во контакт во Франција, повеќето правници, не можат да ни се начудат на ,,умот“, поточно на немањето ум, немањето лично и немањето национално достоинство.

Некои мои пријатели се прашуваат како утре ќе ги гледаат тие што се соучесници во предавството?

Ако решиме да не постојат за нас, а за мене не постојат од моментот кога се изјаснија ЗА, ќе решиме барем еден проблем.

Се заљубуваме, одљубуваме и забораваме за (симболични) 6 дена дека сме сакале, се разведуваме од луѓе со кои сме создале семејство и како никогаш да не сме ги познавале, а треба да губам време било во дружење било во размислување за ликови кон кои или никогаш не сум изградил респект или сум го загубил изградениот?

Мојот дом ќе биде затворен за сите нив и ниту една минута од моето преостанато животно време нема да им посветам.

Толку е едноставно!“ напиша Росоклија на фејсбук.

ШТО ИМАМ ДА СЕ ГЛЕДАМ И СЛУШАМ СО НИВИзлегување на референдумот не е разлика во мислење туку е национално предавство,…

Posted by Gorazd Rosoklija on Tuesday, September 25, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This