April 24, 2024, 12:04 pm

HOKAУТ ОД ПАРИЗ: Франција е пpoтив, датум нема, во Македонија има многу kpиминал и кopyпција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција им рече на останатите членки од Европската унија оваа недела дека е против започнување преговори за членство со С Македонија и Албанија засега, изјавија дипломатски извори за Ројтерс, фрлајќи сенка врз амбициите на земјите да се интегрираат во ЕУ.

Повеќе од половина од 28-те земји-членки на ЕУ, како и нејзините највисоки претставници во Брисел, вршат притисок да ги наградат двете балкански држави за реформите со тоа што ќе се постигне согласност да започнат разговори за пристапување во ЕУ. Тие предупредуваат дека Русија, Кина или Турција може да ги искористат предностите на „стратешкиот вакум“ во проблематичниот регион доколку ЕУ не успее да создаде опиплива перспектива за тамошните земји.

Париз вели дека ЕУ сега се соочува со премногу предизвици за да дозволи уште две држави од Балканот, регион кој сè уште е исплашен од војните водени во 90-тите години и се бори со криминал и корупција. Франција вели дека ЕУ треба прво да се реформира одвнатре за да се справи и обедини за решавање на проблемите, како што се климатските промени и миграцијата, и дека двете држава треба да спроведат понатамошни реформи пред да може да започнат преговору си ЕУ.

„Тие сè уште не се таму каде што треба. Бараме од нив да направат дополнителни напори“, рече француски официјален претставник. „Преговорите не можат да се отворат во октомври 2019 година, ќе треба да ја преиспитаме ситуацијата некаде во 2020 година.“ Едногласност меѓу 28-те земји-членки е потребна да започнат преговори за пристапување.

Министрите на ЕУ ќе разговараат за ова прашање во вторникот во Луксембург пред лидерите на државите членки да се состанат во Брисел на самитот на 17-ти и 18-ти октомври. Овој потег веќе беше одложуван повеќепати. „Ова е многу фрустрирачко за повеќето земји-членки. Нашиот кредибилитет е во прашање“, рече дипломат од земја која е подготвена да ги отвори вратите за кандидатите од Западен Балкан.

„С Македонија и Албанија направија многу. Да, останува уште многу да се направи, но отворањето разговори за членство е само првиот чекор, процесот ќе трае со години и тие ќе треба да ги исполнат сите критериуми пред да станат членки“. Изворите велат дека Холандија и Данска исто така се спротивставуваа на кандидатурата на Албанија, но кога амбасадорите на ЕУ во четвртокот разговараа за ова прашање зад затворените врати во Брисел, иако Холанѓаните сигнализираа потенцијална флексибилност за С Македонија.

Холандскиот министер за надворешни работи Штеф Блок во вторникот рече дека Скопје треба да донесе закон за формирање независно тело, јавно обвинителство. „За Холандија да се согласи да отпочнат пристапните разговори со ЕУ“, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This