РУДНИКОТ ИЛОВИЦА ЌЕ ГО ЕКСПЛОАТИРА ФИРМА БЛИСКА НА РАШКОВСКИ: Фирма во која работи сестрата на Драги Рашковски ја добила концесијата за рудникот Иловица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Димитар Апасиев советник на министерот за финансии и член на президиумот на „Левица“ обвини за нов случај на непотизам во владата на СДСМ. Тој на својот фејсбук профил изјави дека новата влада предводена од СДСМ го крие договорот за рудникот за злато во Иловица. Апасиев јавно побара стоп за рудниците на смрта и побара од владата да го стави здравјето на граѓаните пред бизнис интересите на поединци во владата и обвини за непотизам на дело

Имено во компанијата ЕУРОМАКС РЕСОУРСЕС ЛД која ја добила коцесијата за експлатација на наоѓалиштети на бакар и злато во рудникот Иловица била вработена сестрата на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски. Тој меѓудругото го сподели и линкот од статијата на веб порталот НОВА ТВ во чиј текст се обвинува Владата дека го крие договорот со компанијата ЕУРОМАКС. Во текстот се споменуваат имињата на Кочо Анѓушев и Крешник Бектеши кои како министри во владата задолжени за економски прашања даваат подршка за овие проекти.

Ова не е прв пат Апасиев да ја напаѓа владата за непотизам. Апасиев јавно изјави дека поставувањето на Кочо Анѓушев на позицијата вицепремиер за економски прашања претставува конфликт на интереси. Имено само еден ден по назначувањето на Анѓушев за вицепремиер за економски прашања неговата фирма добила одлука од Регулаторна комисија за енергетика за производство на електрична енергија во мала хидроцентрала каде косопственик е Анѓушев.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This