April 26, 2024, 11:57 pm

РУСИТЕ ГРМАТ НА ЦЕЛ ГЛАС: Предолго покажуваме трпение кон Вашингтон, тоа престанува денес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва исклучително долго покажуваше стратешко трпение кон потезите на Вашингтон, меѓутоа сега во односите помеѓу Русија и САД се случија коренити измени, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

lavrov_nervoza

Според Лавров, САД спроведува агресивни потези кои директно се судруваат со националните интереси на Русија и се закануваат на безбедноста на земјата.

„Сведоци сме на коренитиизмени во смисла на агресивна русофобија, која лежи во основата на политиката на САД кон Русија. Не станува збор само за реторичка русофобија, туку и за агресивни чекори кои реално задираат во националните интерси на Русија и се закануваат на безбедноста на Русија“, истакнал Лавров во интервју за руската телевизија „Прв канал“.

Приближивањетп на воената инфраструктура на НАТО кон руските граници, разместувањето на тешко вооружување, противракетниот штит, сето тоа во близина на границите на Русија и нејзините сојузници, предупредува Лавров претставува непријателска акција.

Тој се осврнал и на изјавите на поединечни американски претставници кои не ја исклучуваат можноста за напад на позициите на сириската војска, оценувајќи дека е во прашање „опасна игра“.

„Добивме поединечни информации дека крстаречки ракети на САД би можеле да ги гаѓаат аеродромите како би оневозможиле на Сиријците да летаат. Тоа е многу опасна игра, земјаќи во предвиде дека Русија, која во Сирија се наоѓа на повик на законските власти, во таа земја има две бази на кои има распоредено противвоздушн системи“ – истакнал Лавров.

Рускиот дипломат оценува дека сите овие потези на Вашингтон прават да биде невозможно да се направи заедничка стратегија.

„Тоа се гледа и во односот на САД кон Ал Нусра фронт. Го запрашав државниот секретар Џон Кери дали постои некој таен план аа терористичка организација да се сочува а потоа да се искористи како главен двигател за променат н власта, меѓутоа тој се заколна дека тоа не е вистина, и дека и против неа се води војна“ рекол Лавров.

Русија би сакала, додава тој, администрацијата на американскиот претседател Барак Обама да оди во историјата како некој кој ја зајакнал терористичката организација Ал Нусра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This