April 26, 2024, 12:53 pm

РУСИТЕ ЛИKBИДИPAЛЕ 23 ИЛЈАДИ TEPOPИCTИ ВО СИРИЈА: Детален извештај на руското министерство за одбрана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руското министерство за одбрана објави детален извештај од ангажманот на руската армија во Сирија за минатата година.

Од руското министерство за одбрана ги објавија бројките во врска со ангажманот на руската армија во граѓанската војна во Сирија минатата година – во завршниот извештај е наведено дека руската армија во текот на 2018-та година убила повеќе од 23 илјади радикални милитанти.

Покрај овие бројки, од руското министерство потврдија дека во воздушните напади на руското воено воздухопловство, во текот на минатата година биле уништени 159 тенкови, 57 оклопни возила, над 900 артилериски системи и над 3 илјади пик-ап возила со монтирани тешки митралези.

Да потсетиме, Русија веќе повеќе од три години учествува во граѓанската војна во Сирија, откако доби повик од сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Во текот на тригодишниот период, исто така во споменатиот извештај е нагласено дека руските сили успеале да елиминираат дури 87 илјади милитанти и терористи, потоа над 650 тенкови. Се проценува дека само околу 4,500 терористи кои што биле ликвидирани од руската армија доаѓале од просторот на Кафказот.

Од руското министерство за одбрана исто така открија дека на територијата на Сирија биле тестирани вкупно 231 видови на најмодерно вооружување со кое што располага руската армија, вклучувајќи ги најмодерните борбени авиони, ракетни системи и крстосувачки ракети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This