April 23, 2024, 10:38 pm

РУСИТЕ ПОЧНАА СО ПРЕЛЕТИ НАД КОРЕЈСКИОТ ПОЛУОСТРОВ: Што прават руските стратешки бомбардери околу Корејскиот полуостров!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во светло на американско-јужнокорејските вежби „Чувар на слободата“, кои Пјонгјанг ги смета за „пробна воена интервенција“, Русија технолошки и без многу зборови ги означи своите интереси и можност во областа на Корејскиот полуостров

Руските стратешки носачи на ракети ТУ-95МС пред неколку дена прелетаа преку неутралните води на Јапонското, Жолтот и Источното кинеско море, обиколувајќи го Корејскиот полуостров. Ги пратеа ловци СУ-35С и авиони за радарско надгледување и наведување А-50.

Авионите летале строго во склад со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутралните води, а границите на други земји не се нарушени. На поединечни делници маршуата на руските авиони наиде на професионален интерес на воено-воздушните сили на Јужна Кореја и воздушните сили за самоодбрана на Јапонија.

Мобилен армагедон

Пилотите на оддалечената авијација редовно летаат над неутралните води на Атлантикот, Арктикот, Црното море, Тихот океан. Сепак, ТУ-95МС не лети често со пратечки ловци и „летачки радари“ А-50, напоменува коментаторот на МНР на „Русија севдоња“ Александар Хроленко.

Според неговите зборови, необиниот состав на авиацијоните групи сведочи за висока стратешка спремност на системот за означување на цели, офанзивно оружје и ловци за исполнување на стратешки цели.

Принудна реакција

Јапонското море е важно за Русија, Северна Кореја, Јужна Кореја и Јапонија. Зачестените закани на „оддалечениот“ Вашингтон кон Пјонгјан и маневрите од големи размери со регионалните сојузници не можат, а да не ги вознемират најблиските соседи – Русија и Кина.

Претседателот на САД Доналд Трамп во повеќе наврати изрази спремност да се соочи со Северна Кореја со силите на офанзивната авијациска група и нуклеарните подморници. Пентагон само го чека неговиот сигнал.

Москва не може, а да не обрне внимание на американските ветувања дека ќе се судри со новиот неугоден режим, во соседството на Владивосток (од главната база на руската Тихоокеанска флота до границата на Северна Кореја има само 120 километри).

Русија, напоменува авторот, е принудена на овој или оној начин да реагира на заканата за започнување на воен судир од големи размери во непосредна близина на својата територија и два милиони граѓани на Приморската покраина.

Истовремено, Русија ја повика Северна Кореја да не реагира на заедничките вежби на САД и Јужна КОреја. И Пјонгјанг и понатаму е мирен – реториката за „немилосрдна одмазда“ за „играње со оган над нуклеарно буре барут“ веќе не е на место.

Фотографијата на која е прикажан радосниот севернокорејски лидер со панел на кој пишува „Балистичка ракета за подморници пукисон-3“, јапонската телевизиска компанија НХК ги смета за најава дека се изработува нов тип на ракети кои ќе се лансираат од подморница.

„Ким Јонг Ун меѓутоа е трезвен политичар кој го користи факторот нуклеарно оружје само за зауздување на Вашингтон“, смета Хрољенко и додава дека „на сите им е јасно дека превентивен нуклеарен напад на Северна Кореја би довел до контранапад од САД“.

Проблемот со нуклеарниот програм на Северна Кореја е решлив, веројатно само во дирекни и рамноправни преговори со Пјонгјанг и давање на гаранции за безбедност.

Засега жителите на Северна Кореја гледаа само „бандитски обиди на САД да го мобилизираат целиот свет да учествува во кампањата против суверената држава само затоа што таа паднала во немилост (на Вашингтон)“. Такви методи во Азија веќе не функционираат, заклучува авторот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This