Русите твpдaт: „Cпyтник B“ e пoeфикacнa пpoтив дeлтa cojoт oд дpyгитe вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската вакцина „Спутник В“ е поефикасна во заштита од индискиот сој на коронавирус од вакцините од другите производители, соопшти во вторник Рускиот инвестициски фонд (РДИФ).

„Спутник В е поефикасна против делта сојот кој првпат се појави во Индија, од било која друга вакцина која ги објави резултатите за тој сој“, пренесе агенцијата ТАСС.

Кон крајот на април шефот на рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви таа вакцина, Александар Гинтсбург рече дека „Спутник В“ произведува доволно антитела за да се избори со индискиот сој на коронавирус.

Русија прва во светот на 11 август минатата година ја регистрираше вакцината против коронавирус. „Спутник В“ досега е одобрен во 60 земји.

Медицинскиот магазин „Лансет“ во февруари објави студија која покажува дека руската вакцина е ефикасна 90 отсто. Вакцината сè уште не доби одобрение за употреба од Европската агенција за лекови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This