April 19, 2024, 11:14 pm

РУСИЈА ВЕЌЕ НЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА: Нема да се согласиме со еднострани чекори – САД бара примирје за да ги вооружи терористите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија повеќе не се согласува на еднострани чекори за постигнување мир во Сирија, изјави нејзиниот амбасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, на заседанието на Советот за безбедност, додека неговата американска колешка Саманта Пауел дејствувањето на Москва во оваа држава го нарече „варваризам“

Sirija_prikraj

Советот за безбедност на ОН се сретна во неделата на барање на САД, Велика Британија и Франција, поради ескалацијата на борбите во градот Алепо откако владата на Сирија во четвртокот вечерта објави дека по пропаѓањето на прекинот на огнот според руско-американскиот договор од 9-ти септември за што ги обвини бунтовничките сили поддржани од Западот, започнува со офанзива за преземање на преостанатите неколку квартови од вториот град по големина во земјата кои се од бунтовничка контрола.

Говорејќи на заседанието на Советот за безбедност во ОН, постојаниот руски претставник во светската организација Виталиј Чурин истана дека при разговорите за прекинот на огнот во Сирија е истакнато барањето дека Дамаск како предуслов за едностраното дејствување треба да ги сопре летовите на своите воздушни сили.

„Првично беше кажано за три дена. Се согласивме. Потоа ни беше речено ’Не, претседателот на САД се премисли, потребни се седум дена. Таквите тактички трикови не можат да траат бесконечно. На еднострани чекори ние повеќе нема да се согласиме“, рече Чуркин.

„Стотици вооружени групи во Сирија добија оружје (во текот на прекинот на огнот –з.р), области во земјата трпат неселективни бомбардирање, а мирот сега е речиси невозможна задача“, порача рускиот амбасадор во ОН.

Чуркин потсети дека и коалицијата предводена од САД уште не обезбедила податоци од истрагата за нападите врз сирискиот град Манбиџ во јули, кога загинаа неколку десетици цивили, одговарајќи на нападите од американската претставничка во ОН, Саманта Пауер, која обвини дека руското воено дејствување во Сирија е „варваризам, а не антитероризам“.

„Она што Русија го поддржува и што го прави не е антитероризам, туку варваризам. Наместо да настојуваат да го одржат мирот, Русија и (сирискиот претседател Бараш ал-) Асад создаваат војна. Наместо до цивилите да дојде помошта којашто би им ги спасила животите, Русија и Асад ги бомбардираат хуманитарните конвои, болници и оние кои помагаат и очајнички се трудат да ги одржат луѓето во живот“, рече Пауер.

Британскиот амбасадор во ОН, Метју Рикрофт, изјави во неделата дејка настојувањата на САД и Русија за мирот се „многу многу близу крајот на својот живот и Советот за безбедност мора да биде подготвен да ја преземе својата одговорност“.

„Режимот и Русија, наместо тоа, потонаа во нови длабочини и овозможија нов пекол во Алепо. Русија е партнер на сирискиот режим во изведувањето воени злосторства“, рече Рикрофт пред Советот за безбедност на ОН.

По завршувањето на заседанието на Советот за безбедност, Чуркин за новинарите изјави дела договорот меѓу Русија и САД за Сирија не е пропаднат, но предупреди дека доколку Вашингтон продолжи да ги менува позициите ќе биде многу тешко да се води сериозен процес.

„Јасно посочивме на нашата позиција. Потребен ни е сериозен процес, без преувеличување, без да се менуваат своите позиции секои два дена. Договор имаше, и единствено е потребно тој да бие исполнет, наместо да се менуваат ставовите. Доколку тие (САД) продолжат тоа го прават, ќе биде речиси невозможно да се спроведе сериозен процес“ за постигнување мир во Сирија, додаде Чуркин./крај/мф/сн

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This