Русија ги kaзни Гугл со 6, а Фејсбук со 26 милиони рубљи поради објавување на дeтckа пopногpaфија и повици за ekcтремизам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руски суд ги казни американските технолошки гиганти Гугл и Фејсбук, бидејќи не ја избришале содржината што Москва ја смета за нелегална.

Фејсбук е казнет со 26 милиони руби (354.000 УСД) по осум различни основи, додека Гугл треба да плати шест милиони рубли (82.000 УСД), објави Ројтерс.

Двете компании беа прогласени за виновни за административни повреди, соопшти судот.

Како што наведоа, тие испратиле повеќе од 26.000 известувања до американската компанија дека е потребно да се отстрани спорната содржина.

Според записите на Роскомнадзор, 5.000 забранети содржини не биле отстранети од „ЈуТјуб“, од кои околу 3.500 содржеле повици за екстремизам.

Во текот на денот, уште осум ставки ќе бидат разгледани против „Фејсбук“, додека ставовите против „Твитер“ ќе бидат разгледани на 27 мај, а уште пет против „Гугл“ на 1 јуни.

За секоја од артиклите, компаниите се соочуваат со парична казна од четири милиони рубли, или околу 55.000 УСД.

Според Роскомнадзор, ако не се отстранат содржините со повици за екстремизам, детска порнографија и информации поврзани со продажба на наркотични средства, казната е до осум милиони рубли, а доколку се случи повторно таков случај, казната може да се искачи до петти од вкупниот годишен приход на компанијата.
Гугл Русија одби да ја коментира одлуката на судот, а Фејсбук не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар, пренесува Танјуг.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This