РУСИЈА ГО ЗАТВОРА ПАЗАРОТ ЗА САД: Вашингтон oбвинувa за кршење на нормите на Светската трговска организација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтон смета дека Москва системски ги крши нормите на Светската трговска организација, се вели во извештајот на трговското претставништво на САД во СТО.

Во документот, меѓу другото стои и дека Русија ги заобиколува правилата на слободниот пазар, со што го попречува извозот на американски производи и услуги.

„Ако САД потврди дека Русија не ги исполнува своите обврски од СТО, тие ќе ги преземат сите неопходни мерки за да се реши прашањето и рускиот пазар да остане отворен за САД.“, се вели во документот.

Притоа, авторите признаваат дека прекинот на билатералните односи помеѓу САД и Русија по настаните во Украина во 2014 година ги ограничи можностите за директни разговори, а барањата на Вашингтон за состаноци Русија ги игнорира.

„САД ќе продолжи внимателно да следи дали Русија ги исполнува своите обврски во врска со царините. Меѓутоа тоа не е единствениот проблем со кој се соочуваме“, се вели понатаму во документот.

На мета се и правилата за локализација на производството, некои даноци, барањата за фотосанитарна контрола, како иправилата за извоз на Русија.

„Во Русија е на сила таканаречен список на важни производи над кои можат да се наметнат одредени ограничување при извозот.“, писува во извештајот.

САД се спремни да бараат СТО да воведе принудни мерки доколку то а е потребно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This