РУСИЈА ДОБИ ИЛЈАДНИЦИ МОДЕЛИ ВОЕНА ТЕХНИКА: Преку 3.500 модели на вооружување, воена и специјална техника за Руската војска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 3.500 перспективни модели на вооружување, воена и специјална техника, добија Вооружените сили на Русија во 2017.година, изјави министерот за одбрана на Русија генерал Сергеј Шојгу

„Минатата година во војската и флотата стигнаа повеќе од 3.500 перспективни модели на вооружување и воена техника“, рекол Шојгу за време на одржувањето на приемот на воената техник во Националниот центар за управување со одбраната на Русија.

Тој наведува дека Вооружените сили на Русија добиле „повеќе од 110 авиони и хеликоптери, два воени брода, три бригадни комплети „Искандер М“, девет противвоздушни ракетни системи и комплекси, 116 крстосувачки ракети за оперативно-тактичка намена „Калибар“, повеќе од 400 единици тенковско вооружување“.

Според шефот на рускиот воен ресор, војската плански добила инженерска и автомобилска техника, средства за комуникација, авијационо оружје и муницја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This