Русија започна инcпekција на НАТО вежбите во Естонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во согласност со одредбите на Виенскиот документ за мерки за градење доверба, Русија започна инспекција на пограничната област во Естонија во светло на воените вежби на НАТО „Пролетна бура“, кои во моментов се одржуваат во таа балтичка држава, пренесува Спутник.

Според шефот на Рускиот национален центар за контрола на нуклеарната опасност на Руската Федерација, Сергеј Ришков, увидот ќе трае до 3 јуни.

„Инспекцијата се спроведува со цел да се утврди обемот на воената вежба, како и дали вежбите се одржуваат на локацијата што беше најавена однапред. Според планот, вкупната површина на која треба да се одржат воените маневри е 10.000 квадратни метри“, нагласи тој.

Руските инспектори ќе ги посетат полињата за обука, ќе учествуваат во брифинзите и ќе ги посетат воените единици и опремата што учествуваат во маневрите.

Точната локација каде се одржуваат маневрите, сепак, не е објавена во јавност, според Спутник.

Да потсетиме, воените вежби „Пролетна бура“ се одржуваат во Естонија од 17 мај до 5 јуни, а покрај естонската армија, армиите на САД, Велика Британија, Летонија, Полска, Италија, Франција и Данска исто така учествуваат во нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This