Русија испрати дополнителни 188 вojници во Ерменија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија распореди уште 188 војници во Ерменија со цел да ги засили своите погранични стражи во оваа земја.

Распордувањето е направено на барање на официјален Ереван, а со цел да се зачува мирот во регионот Нагорно Карабах, му реферираше денеска шефот на Федералната служба за безбедност Александар  Бортников на рускиот претседател Владимир Путин преку видео конференциска врска, пренесоа британските медиуми.

Руските граничари се во Ерменија од распадот на Советскиот Сојуз, согласно договорот меѓу двете земји од 1992 година.

Русија во последните две недели во регионот на Нагорно-Карабах распореди речиси 2.000 мировници, откако на 10 ноември беше постигнат мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан, за кој гарант беше токму Русија, а со кој завршија шестнеделните борби меѓу азербејџанските и ерменските сили.

Извор:МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This