РУСИЈА ИСПРАЌА ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ТАРТУС: Прва пристигнува Црноморската флота, следат и други борбени ефективи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската армија планира во близок временски период да го зголеми бројот на своите поморски борбени ефективи во источниот Медитеран, каде ќе изведат низа воени вежби кои ќе се одржуваат во текот на месец април. Покрај тоа, основната цел на овие сили е и дополнително зајакнување на одбранбената зона околу руското воено пристаниште во Тартус


Русија ќе испрати интервентно засилување кон сириските брегови кое ќе се состои од засега неутврден број борбени бродови и подморници. Информацијата дојде од неименуван воен извор. Одлуката за зголемување на своето воено-поморско присуство во водите на Средоземното море ја донесе командата на Руската воена морнарица.

Во првиот бран руската поморска борбена група во Медитеранот ќе ја засилат бродови на Црноморската флота, кои веќе неколку дена се наоѓаат во режим на зголемена борбена готовност. Во подоцнежната фаза треба да се очекува доаѓање на интервентните сили и од другите оперативно-стратешки состави на Воено-поморските сили на Руската Федерација, како што се Балтичката, Северната и Тихоокеанската флота. Овие поморски сили ќе бидат фокусирани на заштита на руското воено пристаниште Тартус кое се наоѓа на брегот на Средоземното море.

Претходно кон Медитеранот се упати американска ударна поморска борбена група предводена од носачот на авиони на нуклеарен погон „Хари Труман“. Во неа се наоѓаат десетина бродови, шест од кои се ракетни разурнувачи и еден е ракетен крстосувач. Оваа група во својот состав има околу 90 борбени авиони F/A-18 „Хорнет“, нејзиниот ударен ракетен потенцијал се проценува на околу 300 ракети „Томахавк“. Во водите на источниот Медитеран се наоѓаат уште два ракетни разурнувачи со по 60 ракети „Томахавк“, што значи дека во наредниот период (почетокот на мај) на овој простор би била концентрирана ударна поморска група со повеќе од 450 крстосувачки ракети. Оваа група има потенцијал за понатамошно зголемување, откако најверојатно ќе ѝ се приклучат и британски и француски поморски ефективи.

 

RussiaBeyond

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This