Русија и Кина бараат Советот за бeзбедност на ОН веднаш да му ги одземе овластувањата на Високиот меѓународен претставник на ОН во БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија и Кина ја испратија пред членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации нацрт-резолуција со која на Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина веднаш ќе му се одземе овластувањето за следење на спроведувањето на мировниот договор од 1995 година, со кој заврши војната во БиХ.
Во кратката нацрт-резолуција, до која АП имаше пристап, се вели дека овластувањата дадени на високиот претставник на конференцијата во 1997 година за спроведување на Дејтонскиот мировен договор повеќе не се потребни со оглед на напредокот постигнат од босанските страни.

Амбасадорите на Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот, меѓународното тело што го водеше мировниот процес во БиХ, на 27 мај формално го назначија Шмит за следен висок претставник, а претставникот на Русија беше против.
Тој треба да ја преземе функцијата на 1 август, по оставката што Валентин Инцко ја поднесе на 27 мај, и откако ја извршуваше таа функција 12 години, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This