РУСИЈА НЕ СЕДИ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ: Се подготвува одговор на втората Американска флота

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обновата на втората морнаричка флота на САД, со цел Русија да се ослаби во Северниот Атлантик, создава закана за северните поморски врски со Русија и ќе ја примора Москва да превземе соодветни мерки како би одговорила на новонастанатата состојба, изјави заменик шефот на комитетот за одбрана и безбедност на советот на Руската федерација Алексеј Кондратјев.

„На секоја акција постои реакција, а во овој случај ќе се превземат соодветни мерки. Во овој момент неможам да прецизирам како ќе се развива Северната Руска Флота, но одговорот ќе биде таков што ќе се осигура безбедноста на Русија“, истакна Кондратјев

Кондратјев оцени и дека Америка уште од минатата година активно почнала со зголемување на воениот потенцијал на Северот, како и дека истото го сториле и Норвешка и Англија.

„Формирањето на втората флота на САД е само прв чекор, со цел Америка да воспостави доминација врз Арктикот“, додаде Алексеј

Претходно американскиот адмирал Џон Ричардсон ваквиот потег на Американските власти го оцени како мерка со која САД би ја зачувале „конкурентноста и доминацијата на морињата“

Подготвил
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This