РУСИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НУКЛЕАРКИТЕ ЗА КРЕВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ: За Руската влада санкциите воопшто не се стратешка цел!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подигањето на западните санцкии нема никаква вредности, и не е ниту стратешка цел за која би се жртвувала сферата на стратешката безбедност, изјавил шефот на горниот дом на Комитетот за меѓународни односи
RT_2M_Topol

„Подигнувањето на санкциите дефинитивно не е стратешка цел. Не е дури ниту цел која би значела дека би се жртуввала сферата на безбедност“ вели сенаторот Константин Косачев за РИА Новости, и додава „Ние гледаме на санкциите како на лошо наследство на тимот кој заминува од Белата Куќа, и мислиме дека ова наследство треба да замине заедно со овој тим“, вели сенаторот.

Коментарот на сенаторот, доаѓа по интервјуто на Трамп во весниците „Тајмс“ и „Билд“ каде што тој вели дека санкциите би биле подигнати доколку се постигне договор за одредена програма за нуклеарна контрола.

Како и да е, Ковачев за новинарите изјавил дека оваа изјава на Трамп тој не ја зема како официјален став на Вашингтон. Тој исто така нотира дека зборовите на Трамп се дел од пошироко интервју и затоа треба да бидат видени како претпоставка за идниот развој на односите помеѓу Русија и САД.

Заменик претседатело на руската влада Димитриј Песков задолжен за воениот комплекс на Русија, за новинарите изјавил дека во моментов не се одржуваат никакви преговори со Вашингтон за кревање на санкциите во замена за уништување на дел од нуклеарниот арсенал на Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This