РУСИЈА: Нови закони против ширењето на лажни вести

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската Државна дума усвои два закона со кои се забранува искажување непочитување на државата и ширење лажни вести, според пропишаните критериуми на Владата.

Според Би-Би-Си, првата забрана се однесува на „очигледно непочитување“ на државата, нејзините официјални претставници и руското општество, а сторителите кои ќе го повторат таквото дело ќе добијат казна затвор од 15 дена.

Вториот закон се однесува на „лажните информации од јавен интерес“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин треба да ги потпише законите откако ќе ги одобри Горниот дом на Парламентот, Советот на Федерацијата, на 13 март.

Новинарите, борците за човекови права и некои министри се противат на новите закони.

Весникот „Ведомости“ наведува дека со новите закони може да се загрози работата на порталите и блоговите, каде што анонимни извори ја критикуваат Владата.

Законите ги поддржуваат пратениците од владејачката партија Единствена Русија, чии членови ги предложија.

Пратеникот Павел Крашениников изјави дека законите „ќе обезбедат заштита од таканаречените интернет терористи“, додека неговиот колега Анатолиј Вајборни ги пофали напорите за „дисциплинирање на граѓаните“ и промовирање „поголема одговорност“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This