РУСИЈА ОСЛОБОДИ 80.000 ЦИВИЛИ ВО АЛЕПО: Западот во паника поради ослободувањето бара зголемени санкции за Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на ова и изминатата недела дојде до голема победа на Сириската армија поддржана од Руското воздухопловство во ослободувањето на истокот на Алепо, дозволувајќи хуманитарна помош да биде доведена до десетици илијади цивили кои живеат во овој дел од градот, информираат од Руското министерство за одбрана

civili_alepo

„Во изминатите неколку дена, добро планираната и прецизна акција преземена од Сириските трупи резултираше со радикален пресврт. Половина од територијата претходно окупирана од милитантите во источно Алепо е ослободена“ – изјавил генерал Игор Конашенков, портпарол на министерството за одбрана.

„Најважната работа е што преку 80.000 Сиријци, вклучително и десетици илијади деца се ослободени. Многумина од нив долго време немале пристап до вода, храна, медицинска нега во хуманитарните центри отворени од Русија. Тие Сиријци служеа како жив штит во Алепо за терористите“, истакнал генералот.

Тој додава дека пвоиците на некои Западни претставници да се интенизвираат санкциите поради операцијата во Мосул индицира на тоа дека тие земји не сакаат да ги видат цивилите на Алепо слободни.

Претходно, шефот на Германскиот комитет за надворешни работи при Парламентот Норберт Ротген, заедно со уште неколку други пратеници, го повикаа официјален Берлин да воведе повеќе санкции поритв Русија поради офанзивата во Алепо, и да се отвори воздушна асистенција во зоните контролирани од милитантите, слично на Берлин во 1940 година. Тие тврделе дека градот бил разрушен поради воздушните удари на Русија. Но, од руската армија велат дека со воздушните удари заппреле уште во средината на октомври.

Германското министерство за надворешни работи вели дека Дамаск „и нивните поддржувачи, највеќе Русија и Иран, ја носат најголемата одговорност“ за цивилните жртви во Алепо.

Критиките до Русија доаѓаат откако преку 500 терористи одлучија да се предадат во мобилниот Руски хуманитарен центар во Алепо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This