РУСИЈА ОСТРО ПРОТИВ САНКЦИИТЕ НА САД ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Се мешате во внатрешните работи на земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските санкции над Венецуела и нејзината државна нафтена компанија ПДВСА се пример за нелојална конкуренција и мешање во внатрешните работи на земјата, изјави портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков.

„Легитимното раководство на Венецуела веќе ги прогласи овие санкции за незаконски. Целосно се согласуваме со нив.“, додаде тој.

Песков рече дека со сите расположливи механизми на меѓународното право ќе ги штити  руските интереси во Венецуела.

Вчера САД воведоа санкции и  блокираа имот на венецуелската компанија ПДВСА во вредност од седум милијарди долари и воведоа забрана за работа со таа компанија. Вашингтон исто така уште еднаш ги повика земјите да го признаат Хуан Гваида за легитимен претседател на Венецуела.

Песков рече дека Кремљ не е изненаден од комуникацијата меѓу Претседателот на САД, Доналд Трамп, и лидерот на опозициониот парламент на Венецуела, Хуан Гваидо, за која вели дека постоела и пред Гваидо да се прогласи за привремен претседател.

Во Венецуела на 21ви јануари започнаа масовни протести против актуелниот претседател Николас Мадура. Претседателот на парламентот Хуан Гваидо на 23ти јануари се прогласи за привремен претседател на државата. САД и голем број други држави го признаа Гваидо за претседател и побараа од Николас Мадуро, кој не го признаваат за легитимен претседател да не презема насилни дејствија против опозицијата. Мадуро го нарече Гваидо „марионета на Соединетите Американски Држави“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This