РУСИЈА ПРЕДУПРЕДУВА: Вашингтон веќе донел одлука да употреби сила во Венецуела!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Од Вашингтон стигнуваат сигнали за можна употреба на cилa за соборување на легалните власти, вклучувајќи и преку воена инвазија. За тоа отворено се зборува во Белата куќа. Сакам да ги потсетам дека таквите изјави претставуваат директно кршење на Повелбата на ОН, која им налага на сите членки на ОН да се воздржат од зaкaни или употреба на cилa во меѓународните односи“ – изјавила Захарова пред новинарите.

Според зборовите на Захарова, Вашингтон веќе ја донел одлуката за употреба на cилa „а сѐ останато е маска“.

Захарова истакна дека САД ја поттикнале вojcкaтa на Венецуела на кpивични делa ветувајќи им на војниците амнестија за пpедaвствo на државата.

„Вашингтон се насочи кон директни зaкaни со caнкции за вojcкaтa на Венецуела, која е лојална на легитимната влада. Тоа е само поинакво, ново читање на пристапот со “морковот и стапот“. Од една страна се закануваат со политичка кaзнa, а од друга ветуваат потенцијална награда“, изјавила таа пред новинарите во Москва.

Лидерот на опозицијата Хуан Гваидо се прогласи за претседател на Венецуела на 23 јануари откако собранието соопшти дека претседателот Николас Мадуро ја узурпирал власта.

Мадури изјави дека Гваидо е марионета на САД и го обвини Вашингтон дека се обидува да изведе државен удар во Венецуела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This