Русија пpeдyпpeдува: Талибанците се сeриозна зakaна, имаат најмалку 100 pakeтни системи, оkлопни возила, авиони, xеликоптери, пyшки…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето „Талибан“ доби огромна количина оружје што никој не го контролира, изјави министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.
„Првата вистинска закана е дека на Талибанците им е дадена огромна количина оружје. Станува збор за стотици пушки, оклопни возила, авиони, хеликоптери. Само мобилни противвоздушни ракетни системи имаат повеќе од сто“, рече Шојгу, одговарајќи на прашањето дали тоа движење претставува воена закана за Русија.

Покрај тоа, рече тој, прашањата поврзани со проблемот со бегалците се причина за загриженост.

„Сето ова го гледаме со загриженост. Многу се надеваме дека ќе се формира влада. Во секој случај, сите зборуваат за тоа, неопходно е да се формира влада која ќе ги земе предвид интересите на сите националности што живеат во Авганистан, рече министерот.
Тој, исто така, посочи дека еден од клучните проблеми, кој продолжува да се шири од Авганистан, е трговијата со дрога .
„93 проценти од светскиот хероин е авганистански хероин. Ова, се разбира, претставува закана за нас … Чекавме нешто да се промени, тие (силите на НАТО) да воспостават некаква контрола над тоа, но плантажите се зголемија стократно. Тоа нe загрижува“, прецизира Шојгу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This