Русија пpoтера македонски дипломат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата , објави руското Министерство за надворешни работи.

„Вршителот на должност на Република Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше поканета во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што и беше врачена белешка со која се прогласува заперсона нон грата “, се вели во соопштението на Министерството.

Оваа мерка е одговор на нелогичната одлука на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје, се објаснува во соопштението.

На крајот на мај, Министерството за надворешни работи на Македонија протера руски дипломат. По ваквиот потег на Македонија, руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки.

Македонија се уште ги нема добиено вакцините Спутник В кои ги нарача од Русија. Зошто доцнат вакцините точно не се знае, иако дел од шпекулациите во јавноста се дека причината за тоа е што Македонија протера руски дипломат.

Сепак, според рускиот амбасадор во Македонија тоа не е причината. Тој вчера при промовирање на летот Скопје – Москва изјави дека очекува во блиска иднина да пристигнат нови пратки на вакцината Спутник В во земјава, но не прецизираше кога.

Како што нагласи тој, одговарајќи на новинарско прашање, руската страна строго се придржува до своите обврски и планира да обезбеди испорака на ваикцините во рокот утврден со договорот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This