April 26, 2024, 12:36 pm

РУСИЈА РАЗМЕСТУВА СТРАТЕШКИ БОМБАРДЕРИ НАД АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ: Руски стратешки бомбардери ќе го патролираат Пацификот!

Поврзано

- Advertisement -
tu-95
ТУ-95
- Advertisement -

Министерството за одбрана на Русија влегува во завршна фаза на формирање на нова дивизија тешки бомбардери на Далечниот исток. Планот е новата единица да патролира по Пацификот над Јапонија, Хаваи и островите Гвам, на кои се наоѓа американска воена база

Во составот на дивизијата се стратешките бомбарери ТУ-95МС, вооружени со крстаречки ракети, и стратешките суперсонични бомбардери ТУ-22М3.

tu_22
ТУ-22М3

Тоа е веќе втора дивизија од овој тип во Русија. Првата е формирана во 2015 година и е разместена на воените аеродроми во градовите Моздок на Кавказ и Енгелс во средината на текот на реката Волга. Неколку десетини бомбардери во составот на новата единица ќе биде разместена во Иркутската и Амурската област. Аналитичарите велат дека на тој начин Русија го развива „источниот правец“ на надворешната политика, бидејќи е унапредувањето на регионалниот систем на безбедност отсекогаш бил еден од клучните елементи на соработка на Русија со азијатските земји и организации.

Воениот аналитичар Александар Собањин од Центарот за стратешка конјуктура за Спутник изјавил дека новата единица е „долгата рака на руската стратешка авијација“.

„Тоа е она што го чекавме од почетокот на деведесетите години од минатиот век. На тој начин Русија без било каква хистерија и непромислни потези порачува дека е спремна за сите врсти на воени дејствија, односно дека е спремна да се брани и да се спротивстави на обидите на американската воена морнарица да ја дестабилизира ситуацијата во регионот и да ги загрози нашите интереси не само на Далечниот исток, туку и во цела Источна Азија“, објаснува Собаљин. Собаљин потсетува и дека МИнистерството за одбрана на РУсија започна процес на модернизација на воената авијација.

„Интересно е дека Американците веќе околу цела деценија ипол не воведуваат употреба на нови стратешки бомбардери. Секако дека армијата на САД и понатаму е посилна и поголема од руската војска, но кога зборуваме за квалитетот, а не само за кванититетот, нашите сили веќе може да се споредат со американските сили, бидејќи Русија многу брзо ја модернизира војската. Немаме таква флота каква што имаат Американците, но треба да се има во вид дека структурата на силите на руската војска потполно се разликуваат од американските. Руските адути се ракетната војска за стратешки намни и Воздушно-космичките сили, со тоа Русија е во состојба да ја уништи американската флота од воздух Разместувањето на дивизии на Далечниот исток, забрзаната изградба на бази за подморници на полуостровот Камчатка и базите за привремено разместување на подморници долж северниот морски пат ќе ни овозможи да обезбедиме комплетна заштита на руските граници, иако до пред неколку години само границата на Кавказ и во Европа беа потоплно заштитени“, заклучува Собањин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This