РУСИЈА РЕАГИРА НА ДРЖАВНИОТ УДАР ВО МАКЕДОНИЈА: Западот веднаш да престане со мешањето, изборот на терористички командант не е легитимен!

Поврзано

- Advertisement -

Руската Федерација, апелира да се прекине со надворешниот притисок врз Македонија и да им се дозволи на одговорните политички сили во земјата сами да одлучуваат за својата иднина, соопштува руското Министерство за надворешни работи.

- Advertisement -

1108224009

,,Опозицијата која изгуби на парламентарните избори фактички се обиде на 27 Април насилно да ја превземе власта во земјата, избирајќи претседател на парламентот преку груби кршења на законските процедури“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Тоа беше провокација за граѓаните кои два месеци протестираат да влезат во зградата на Парламентот во Скопје во знак на протест против таквата одлука.

„Официјалните претставници на ЕУ и други европски земји и САД, си дозволија  тоа противзаконско и насилно превземање на Власта, да го прифатат за легитимно и веднаш му честитаа на ,,новиот Претседател на Собранието“, поранешниот командант на проалбанската т.н. Народноослободителна војска“. Таквата молскавична координирана реакција несомнено сведочи дека случувањата се предходно планирани, наведува руското министерство за надворешни работи.

„Тоа повторно потврдува дека главната причина за сегашната внатршнополитичка криза во македонија е флагрантно мешање  во внатрешните работи на оваа земја. Се гледа бескрупулозната  манипулацијасо волјата на граѓаните со цел да се тргне легитимната власт“, нагласува МНР на Русија.

„Во  такви околности, адекватно решение може да биде само внатрешномакедонски дијалог во согласност со уставот и законите на државата“ истакнува Министерството за надворшни работи на Русија.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This