РУСИЈА СО РЕАКЦИЈА ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТА: Еди Рама продолжува да ја турка „тиранската платформа“ која може да ги зголеми меѓуетничките тензии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руското Министерство за надворешни работи испрати коментар, по изјавите на албанскиот премиер Еди Рама во врска со двојазичноста во Македонија, која тој ја промовираше како негов проект, споредувајќи го со проектот на формирање на терористичката организација УЧК на Косово

 

Руското МНР смета дека ваквите изјави придонесуваат кон нови меѓуетнички тензии на Балканот во насока на големоалбанските аспирации на Рама. Тие потсетуваат дека со тоа што албанскиот премиер продолжува да ја турка „Тиранската платформа“ се поткопува уставното и унитарно уредување на Р.Македонија.

„Обрнавме внимание на изјавата на премиерот на Албанија Еди Рама дадена на 14 јануари дека Социјалистичката партија на Албанија, на чие што чело е тој, имала врска со формирањето на ”Ослободителната армија на Косово“ и со уследената ”битка за Косово“ во соседната Србија, и дека дала решавачки придонес за донесувањето на законот за употреба на јазиците од страна на Собранието на Република Македонија, според кој албанскиот јазик де-факто добива статус на втор службен јазик.

Ваквата реторика на Еди Рама ја потврдува намерата и понатаму да ја турка одиозната ”тиранска платформа“ создадена со неговото лично учество. Реализацијата на одредбите на овој документ заканува со поткопување на уставните темели на македонската државност, на Охридскиот рамковен договор и како последица – со нови меѓуетнички потреси на Балканот. Сето тоа е дел од големоалбанските амбиции кои се повеќе се шират и го доведуваат во прашање територијалниот интегритет на низа држави во регионот. Давајќи му големо значење на прашањето за употреба на јазиците сметаме дека од принципиелна важност е таквите решенија да се донесуваат врз основа на согласност од сите гранки на државна власт и со широк консензус во општеството.“ – се вели во коментарот на Руското МНР.

http://www.mid.ru/ru/foreign_policy/news/-/asset_publisher/cKNonkJE02Bw/content/id/3020780

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This