РУСИЈА СО РЕАКЦИЈА НА ПОТЕЗИТЕ НА ТРАМП: „Фаза два“ кон Северна Кореја е декларација за намера за војна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за преминување во „фаза два“ во односите со Северна Кореја би можело да се протолкува како намера да се започне војна со нуклеарно оружје, смета шефот а Комитетот на Државната дума за одбрана и безбедност Леонид Слуцки

Како што вели, изјавата на Трамп е многу опасна и провокативна – Трамп и Ким Јонг Ун не попуштаат и тоа загрижува.

Слуцки наведува и дека не треба да се доведе во прашање целото човештво поради постигнување на сопствена супериорност.

„Русија никогаш не го поддржувала самопрогласениот статус на Северна Кореја, но се залагаме за дипломатски пат кон решение на Корејскиот полуостров. Воено решение во овој случај е невозможно“ заклучува Слуцки.

Трамп изјави дека Америка ќе премине на „фаза два“ доколку санкциите против Северна Кореја не дадат резултати, иако не прецизираше за што точно станува збор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This