РУСИЈА СПРЕМНА ДА ПРОДОЛЖУИ СО ИЗГРАДБАТА НА ТУРСКИ ТЕК: Јужна и југоисточна Европа имаат се поголема потреба од рускиот гас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија е спремна да продолжи со изградбата на гасоводот „Турски тек“ и во другите земји на Европа доколку Брисел понуди цврсти правни гаранции, изјави рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров

Како што изјави, потребата за гас во јужна и југоисточна Европа е во пораст, а со самото тоа постои добра причина другиот крак на гасоводот да се доведе и до територија на Европската унија.

„Цела низа на земји во ЕУ е заинтересирана. Меѓутоа, имајќи го во предвид неуспехот на Јужен тек, ќе бидеме спремни да ја продолжиме изградбата исклучиво ако Брисел понуди цврсти правни гаранции“, истакнува Лавров.

Истовремено, Ларов предупреди дека Америка со антируските санкции сака да ја исфрли Русија од европскиот пазар.

„Под изговор за борба против руска закана, Вашингтон течнее кон тоа да ги протурка сопствените енергетски и економски интереси во Европа, како и да ги примора сите европски земји да ги зголемат одбрамбените расходи“, вели Лавров.

„Европските земји мораат самостојно да одлучуваат колку таа антагонизација на Русија им е потребна. Русија знае дека во политичките кругови се погласно се слуша незадоволството од таквата ситуација“, наведува Лавров.

Со тоа, напоменува рускиот министер, Москва го смета за неоснова обидот на Европската комисија да го добие мандатот за преговори кога станува збор за изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, со обзир на тоа што воведувањето на новите правни норми по тоа прашање претставуваат дискриминација во секоја политичка смисла.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This