Русија ја враќа поклонетата икона од Додиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија ќе ја врати иконата која лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, му ја подари на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Ваквата одлука доаѓа откако обвинители во Босна соопштија дека се обидуваат да утврдат дали подарокот е илегално шверцуван од завојуваниот источнен дел на Украина.

За време на посетата на Лавров на Источно Сараево неделава, Додик му подари на рускиот шеф на дипломатијата 300 години стара позлатена икона од Свети Никола.

Иконата ќе биде вратена за да се разјасни нејзиното потекло со помош на Интерпол – се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Украинската амбасада во Сараево побара од босанските власти дополнителни информации околу артефактот, откако новинската агенција на босанските Срби „Срна“ објави фотографија од иконата со печат за автентичност, што укажува дека потекнува од Луганск, каде што проруските сепаратисти се борат против украинската војска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This