РУСИЈА ЈА ЗАТВОРИ РУТАТА НА СЕВЕРНОТО МОРЕ: Само руски бродови ќе пренесуваат нафтата преку рутата на Северното Море

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само бродови под руски знамиња ќе имаат ексклузивно право за транспорт на нафта и нафтени деривати преку Северното Море, изјави вицепремиерот Јуриј Борисов.

Како што тој изјави на отворањето на Далекуисточната изложба на бродови, прашањето сега е решено, и во текот на годината може да се појават и други механизми за поддршка на руската бродоградба и привилегии за приватни сопственици на бродот.

Борисов истакна дека благодарение на овие права во Русија се изградени околу 100 бродови, а само во 2019 година за овие намени се издвоени повеќе од 3,5 милијарди рубљи (50 милиони евра).

Во исто време, од бродоградилиштето “Ѕвезда” на Владивосток објавија дека ќе започнат производство на најмодерните мразокршачи на нуклеарен погон “Лидер” и се работи на изградбата на трите најмоќни нуклеарни мразокршачи од проектот 22.220.

Поточно, планот е ови мразокршачи да обезбедат непрекинат транзит на бродовите низ северните поморски патишта во текот на годината, и да се “освои” Арктикот, а како што се проценува потребни се три вакви бродови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This