April 19, 2024, 11:46 am

Русија ја пoднece cвojaтa вakцинa вo СЗО зa зaбpзaнa peгиcтpaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за „забрзана регистрација и претквалификација“ на својата прва вакцина против новиот коронавирус „Спутник V“, објавија руските власти.

На прашањето на АФП, од СЗО велат дека поднесоците за „претходна селекција или регистрација во итни постапки“ се доверливи.

Русија е една од првите земји во светот што побара од СЗО да ја претквалификува својата вакцина против новиот коронавирус, соопштија руските власти.

„Во контекст на пандемија, забрзаното регистрирање на вакцината според процедурата (СЗО) ќе ја направи руската вакцина достапна за сите побрзо отколку со конвенционалните процедури“, се додава во соопштението. СЗО истакнува дека „ако се смета дека производот доставен на проценка е во согласност со критериумите за вклучување во списокот, СЗО ќе го објави“.

„Успешната претходна селекција ќе овозможи вакцината „Спутник V“ да се вклучи во списокот на лекови што земјите ги користат за набавка на големо“, соопшти СЗО. Но, досега, забележува СЗО, „некои вакцини за Ковид-19 не се преквалификувани, ниту пак е објавен список за итни случаи“.

Русија на почетокот на август рече дека е прва што развила и регистрирала вакцина против болеста Ковид-19.Вакцината е изработена од московскиот истражувачки центар „Гамалеја“, при Министерството за одбрана. Во Русија, регистрацијата кај властите претходи на последната фаза на клинички испитувања.

Вакцината, наречена „Спутник V“ според првиот вештачки сателит во историјата изграден од Советскиот Сојуз, беше примена со скептицизам, особено затоа што во времето на нејзиното постоење, сè уште не ја поминала последната фаза на клинички испитувања. Сепак, голем дел од руската политичка елита изјави дека биле вакцинирани, а Владимир Путин го наведе примерот на една од неговите ќерки.Владата се надева дека ќе ја дистрибуира вакцината масовно во земјата во следните месеци.

Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија ја регистрирала својата втора вакцина против коронавирус.Во последните неколку недели во Русија се забележува големо ширење на епидемијата. Земјата е рангирана на четвртото место во светот според бројот на случаи, со вкупно 1.547.774 заболени лица и 26.589 смртни случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This