April 25, 2024, 11:53 am

Русија ќе ги брани интересите на православните верници доколку избијат верски немири во Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија ќе ги брани интересите на православните верници доколку избијат верски немири во Украина, најави Кремљ по вчерашната објавата на Екуменската цариградска патријаршија дека ја признава автокефалноста на Украинската православна црква, со што таа стана независна од Москва.

„Во случај на незаконски дејствија се разбира дека Русија, како што насекаде ги брани интересите на Русите и русофоните, ќе ги брани и интересите на православните. Ова е глобална и разбирлива позиција“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе Москоу тајмс.

Оваа заштита на православните ќе се спроведува „исклучиво со политички и дипломатски“ средства, рече Песков и додаде: „Во случај украинските власти да не успеат да ја задржат состојбата под контрола и во рамки на законот, во случај ситуацијата да прими грд и насилен карактер“.

Песков потсети дека Кремљ „во повеќе наврати изрази голема загриженост поради одлуките што можат да предизвикаат раскол во православието“.

Тој потсети дека Руската православна црква „нема намера да се меша во дијалогот меѓу црквите“ во Украина.

„Православната вероисповед е една од религиите во Русија и сето она што се случува во светло на православието со внимание го следи руската влада“, истакна Песков.

Цариградската патријаршија во четвртокот ja призна автокефалноста на Украинската православна црква и одлучи на хиерархиската должност да го врати патријархот Филарет Денисенко по жалбата што ја предаде против Москва која го исклучила.

По независноста на Украина во 1991 година и распадот на Советскиот Сојуз, Филарет ја основал украинската православна црква и се прогласил за патријарх, по што Москва го екскомуницирала.

Обидувајќи се да ја смират ситуацијата, украинските власти во четвртокот потврдија дека сакаат да избегнат „религиозна војна“ и порачаа дека владата ќе го почитува изборот на парохии кои ќе одберат да останат лојални на Московската патријаршија.

Во Украина, Црквата која ја признава Московската патријаршија е најголема верска заедница по бројот на парохии, но сѐ поголем број на Украинци се приклонуваат кон Киевската патријаршија, која се самопрогласи во 1991 година, по распадот на поранешниот Советски Сојуз.

Често напнатите односи меѓу двете цркви уште повеќе се влошени со руско-украинската криза што избувна поради анексијата на Русија на полуостровот Крим во март 2014 година и со побуната на проруските сепаратисти од источниот дел на Украина во конфликтот кој однесе повеќе од 10.000 животи.

Одлуката на Цариградскиот патријарх за признавање на автокефалноста на Украинската православна црква Московската патријаршија го нарече „катастрофа“ и „раскол“. Некои свештеници лојални на Москва ги повикаа своите следбеници да бидат подготвени да ги бранат своите цркви и манастири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This