April 25, 2024, 12:12 pm

РУСИЈА ЌЕ ГИ ВООРУЖУВА ФИЛИПИНИТЕ: Затоа што Русија не наметнува услови при купување на нивно оружје, за разлика од САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија и Филипините потпишаа договор за воено-техничка соработка за испорака на ракетни фрлачи РПГ-7В


Документот го потпишаа генералниот директор на „Рособоронескпорт“ Александар Михејев и министерот за одбрана на Филипините Делфин Лорензана во присуство на министерот за одбрана Сергеј Шојгу во Кларк, каде се одржува состанот на министрите за одбрана на државите од АСЕАН.

Деталите на договорот се договараат.

До денес, Филипините и Бурнеи се единствените две држави од Пацифичкиот регион кои никогаш не купувале руско вооружување. Сепак, со доаѓањето на власт на претседателот Родриго Дутерте, Манила започна да покажува активен интерес за воспоставување на воено-техничка соработка со Москва. Како што објаснува Дутерте, „кога Русија продава оружје, таа не наметнува било какви услови“, за раслика од САД.

Филипинскиот амбасадор во Русија Карлос Сорета за Спутник изјавил дека Москва ќе испорача во Манила 5.000 автомати „калашњиков“, милион куршуми и 20 воени камиони. Оваа воена техника би требало да пристигне на Филипините на 22.октомври.

Според зборовите на заменик-министерот за одбрана на Филипини Рејмунд Елефант, до крајот на годината Манила планира да купи од Русија партија лесно вооружување, за што власта веќе најде средства во буџетот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This