РУСИЈА ЌЕ ИЗВЕЗУВА ХЕЛИКОПТЕРИ ВО ТУРЦИЈА: Двете држави потпишаа договор за испорака на хеликоптери КА-32

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Росавијација“ и Генералниот директор на цивилната авијација на Турција потпишаа договор за испорачување на руски хеликоптери КА-32 оваа пролет, соопшти денес руската компанија


Работниот договор за соработка го потпишаа раководителите на компаниите Александар Нерадско и Кан Ерел.

Документот е усмерен на взаемно признавање на потврдите и сертификатите во областа на летање, со што се отвара можноста веќе на пролет да почне испораката на хеликоптерите. Холдингот „Хеликоптери Русија“ на 26. јануари соопшти дека Русија оваа година ќе испорача три противпожарни хеликоптери КА-32А11БС.

Во овој момент во Кумертаутската авијациона фабрика се припрема испорака првиот КА-32А11БС, а второто и третото летало ќе стигнат до крајот на оваа година.

Хеликоптерот со тип КА-32 е предвиден за специјални извидничко-спасувачки и висинско-монтажни работи, гаснење пожари, превезување на товар, евакуација на болни и ранети, како и за патролирање и учество во специјални операции.

КА-32 се користи, воглавно со модификацијата А11БС, во Русија, Канада, Шпанија, Португалија, Швајцарија, Кина, Јужна Кореја, Индонезија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This